Кривична за поранешен директор на охридска ЈЗУ

Охридската полиција поднесе кривична против поранешен директор на охридски “Завод за здравствена заштита”.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.М.(56) од Охрид. Пријавениот, во периодот од 2014 до 2017 година, во својство на одговорно лице-директор во ЈЗУ “Завод за здравствена заштита” Охрид, искористувајќи ја својата положба и овластување извршил пречекорување на границите на своето службено овластување, остварил корист за себе нанесувајќи материјална штета на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Охрид во износ од 124.871 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани