Кривична за узурпација на земјиште кај Трпејца

Без дозвола изградиле куќа кај Трпејца.

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Х.(29) и М.Х.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски „пријавените, на катарстарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект. Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани