Кривична за вевчанец вработен во Шумско стопанство

Кривична за вработен во Шумско стопанство. Дал дозвола за сеча на приватна парцела.

 

-„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.П.(46) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во април и август 2018 година пријавениот, како референт за превоз во Подрачно шумско стопанство Јабланица, изработил две одобренија за сеча во парцела во приватна сопственост, при што не ја утврдил точната локација на парцелата и извршил маркација за сеча на 30 м3 дрва на друга парцела, сопственост на С.Т. од Охрид, за која истиот немал дадено согласност за сечење на дрва. Со ова, пријавениот на С.Т. му нанел штета од 210.000 денари“, информираат од МВР. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани