14 годишното девојче била искасана по левата нога.
Синоќа во 20 часот, А.М.(39) од Охрид, пријави дека неговата 14 годишна ќерка, на улицата „Железничка“ во Охрид била нападната од куче-домашен миленик. Малолетничката, била пренесена во Општата болница во Охрид каде и биле констатирани повреди на левата потколеница.
-По преземени мерки, СВР Охрид го идентификува С.С. (61) од Охрид како сопственик на кучето и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
