Кучињата скитници се уште проблем низ охридските улици

Охрид и Струга преплавени со кучиња скитници. Граѓаните се жалат  на глутниците,  кои ги има  речиси насекаде низ градот.

 

Велат не се чуствуваат безбедни, бидејќи се случува кучињата да манифестираат  агресивност.

Особеноо загрижува присуството на кучиња од  големите   раси,   од нивниот лаеж и трчање низ градските улици секојдневно   стравуваат жителите, но и бројните туристи.

Во охридската полиција годинава пријавен е само еден напад на куче.

– „Во првите седум месеци од годинава во СВР пријавен е еден случај на напад на куќе врз човек и каснување воедн додека во истиот период пријавени се вкупно 16 случаи  на несовесно држење и водење на кучиња шетање ма миленици без заштитна маска. Полициските службеници во овие случаи веднаш реагирале и после констатирањето на прекршокот против 16 лица се поднесени прекршочни пријави“ ,  вели Стефан Димоски портапрол на СВР Охрид.

На кучињата скитници реагираат и туристичките работници. Туристичките водичи  за ТВМ велат:

-„Бројот на кучињата скитници  е  се  поголем и претставува црна дамка на  главните туристички центри“.

Од друга страна здруженијата за заштита на животните честопати се жалат на масовни труења на уличните кучиња.

 – „Оваа година до овој момент во СВР Охрид  не маме официјалнапријава на труење кучиња додека таков настан имаше во текот на минатата година кога на подраќјетоо во стариот дел на градот беше пријавено труење на вкупно пет куќиња и во оваа насока СВР Охрид презема активности со ветеринарната инспекција работиме и по овие основи но секако приоритетно мора да биде заштитата и безбедноста на граѓаните“, додава Димоски.

Проблемот со кучињата скитници во  главните туристички центар  се провлекува со години. Исто толку долго се зборува за  изградба на соодветен стационар за нивно хумано згрижување  и отстранување од градските улици.

  Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани