„Курајчки средби“ 2018

Традиционално и оваа година по 16ти пат во Куратица ќе се одржат „Курајчките средби“.

Над илјада иселеници повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште. Ваквите средби се повторуваат од година во година при што се’ поголеми се бројноста и посетеноста на оваа манифестација.

– „Ваквите средби се организираа уште од осумдесеттите години, кога потоа биле прекинати, а денес петнаесет години по ред непрекинато се реализираат“, велат организаторите. 

Покрај пријатниот планински амбиент и живописната природа со свеж и чист воздух, кој постојано го нуди Куратица, манифестацијата ќе биде збогатена со група „Стил“ и Спасе Матлиоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани