Лани уништени над 355 тони небезбедна храна

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната, храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните биле спроведени во текот на 2025 година, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Контролите опфатиле производство, дистрибуција, угостителство, внатрешен промет, како и увоз и извоз на храна, со фокус на примената на Добра хигиенска и производствена пракса, НАССР системот и правилното означување на производите.

Во 2025 година, во рамки на редовни и вонредни инспекции во внатрешниот промет биле спроведени 47.200 контроли, при што:

  • издадени се 5.406 решенија,

  • поднесени се 10 прекршочни пријави,

  • изречени се 1.073 прекршочни платни налози во вкупна вредност од 618.010 евра (во денарска противвредност),

  • поднесени се 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојството на животните.

Инспекциски надзори биле реализирани и во туристичките центри Охрид и Струга, каде, особено во екот на туристичката сезона, биле контролирани угостителски и трговски објекти со зголемен промет. При дел од контролите биле утврдени неправилности, по што биле изречени и соодветни казни, во рамки на вкупните санкции на државно ниво.

Во текот на годината биле спроведени 47.200 контроли во внатрешниот промет, а изречените парични казни изнесуваат 618 илјади евра во денарска противвредност. Во рамки на инспекциите, како небезбедна била одземена и уништена храна во количина од над 355 тони.

Дополнително, биле извршени и 78.016 контроли на увозни и транзитни пратки, при што како небезбедни биле уништени или вратени повеќе пратки со храна од животинско и неживотинско потекло.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани