Лажен полицаец со лажна стоп палка запирал возила

„Паметенниот“ охриѓанец, на ФБ си објавил слики од запирањето и си заработил кривична.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.
– На 15.03.2020 на социјална мрежа „Фејсбук“ на својот профил објавил слики на кои се гледало како со лажно изработена „Стоп“ палка неовластено применувал полициски дејствија – запирање на моторни возила на регионалниот пат Охрид – Кичево, соопшти м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани