Двајцата полски државјани, кои вчера беа тешко повредени во сообраќајната несреќа со мотор се наогаат надвор од животна опасност.
Две екипи хирурзи од Специјалната болницата за ортопедија и трауматологија “Св.Еразмо” во Охрид со натчовечки напори интервенираа вз полските туристи.
Среќа во несреќа е што тешката сообраќајка се случи во близина на Специјалната болницата до која повредените со возила на итна медицинска помош,беа однесени во најкусо можно време и во установа од врвни лекари,со долгогодишно искуство за вакви зафати..
Со брза интервенција и добра организација, лекарите од охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, успеаја да ги спасат животите на полските државјани кои беа тешко повредени во вчерашната сообраќајна незгода.
Хирург од болнициата, кој бил дел од првата екипа, за Макфакс, објасни дека многу бргу откако повредените се донесени по несреќата, биле формирани два тима во болницата кои истовремено извршиле хируршки зафати врз 30-годишна девојка и 33-годишно момче од Варшава.
По шест часовна интервенција врз двајцата млади биле извршени по три интервенции кои траеле 6 часа. Во моментов повредените се наоѓаат во стабилна состојба.
Повредените вчера по тешката сообраќајна несреќа биле донесени во тешка општа состојба, поради неколку отворени фрактури и сериозни васкуларни повреди на долните екстремитети.
Тешката сообраќајна незгода се случи вчера во 13.30 часот на патот Охрид-Кичево, на самиот излез од Охрид. Момчето и неговата девојка, и двајцата од Варшава, преку Црна Гора и Албанија,патувале на летување во Охрид.