Со рачна изработка на накит се занимава седум години, а последните четири ја користи техниката сутаж.
Во изработката најмногу ја инспирира сето она убаво што и се случува секојдневно. „Најмногу преовладуваат моите емоции и затоа мојата изложба ја нареков Внатрешен свет ” објаснува авторката Билјана Тодороска . Изложбата ќе биде отворена на 05ти Јули во 20:00h во спомен домот ” Браќа Миладиновци ” Струга и ќе трае до 15ти Јули. Добродојдени се сите љубители на уметноста. Инаку ова е нејзина втора самостојна изложба, првата беше со наслов ” Чекор по чекор ” Јули 2016г во галеријата Робевци, Охрид.