Левица: Метропол го бетонира цел брег, барови и сепареа на пристаништето

Додека градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, на лицемерен начин се обидува да ја замае охридската јавност со селективно рушење на платформите на охридските плажи, граѓаните секојдневно реагираат до Левица – Охрид со информации за узурпирање на државно земјиште на охридските плажи, пишуваат во партиско соопштение од Левица Охрид.

 

-Неодамна Левица ја информираше охридската јавност за состојбата во автокампот Љубаништа и ги повика надлежните да реагираат. Овој пат, до нас пристигна кратка информација и фотографии, испратени од наш сограѓанин за плажата во Метропол, која во целост ќе ја пренесеме.

,,За кого Георгиески е мајка, а за кого маќеа?

Метропол не само што го узурпира и бетонира цел брег , прави профит од барови на државен имот, сега се дрзна да прави сепареа на пристаништето кое е државен имот”, – стои во информацијата, која до јавноста ја пренесува Левица.

Левица – Охрид ги повикува надлежните да ги испитаат овие информации и да постапат соодветно.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани