Летово во Струга со работа ќе отпочнат заедничките патролите составени од македонски и албански полицајци.
Ова лето во Струга и околината ќе патролираат заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Република Албанија. Нивната цел ќе биде да придонесат за поголема безбедност во градот во кој има голем број албански туристи. Според најавите од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, нивната заедничка работа ќе биде свечено промовирана утре на пригодна прес конференција.Пред три години, во Охрид во текот на целото лето патролираа македонски и српски полицајци.