Малолетници од Скопје истепале охриѓанец

Малолетници од Скопје истепале охриѓанец.

На 21.05.2024 во 22.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Вангел Николоски“ во Охрид малолетници од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз еден малолетник од Охрид. Со напаѓачите, во присуство на инспектор за малолетници, адвокат за малолетничка деликвенција и претставник на Центарот за социјални работи, извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles