Мартин Гоџо е среќниот фаќач на Светиот крст во Охрид. Тој беше најбрз и најсреќен меѓу стотиците капачи кои пливаа во ладните езерски води. Охрид и годинава во свечена и духовна атмосфера го одбележува големиот христијански празник Богојавление – Водици. Илјадници верници го следеа осветувањето на Охридското Езеро.
Со положувањето на Чесниот крст во езерските води, Охрид и годинава испрати силна порака за живата традиција, духовноста и нераскинливата врска меѓу градот и водата. Водици останува празник што ги обединува охриѓани, но и бројни гости од земјава и странство.
