Маж со стап ја тепал поранешната сопруга

Повозрасен жител на Шипокно ја претепал поранешната сопруга.

64 годишниот Л.И. од селото Шипокно ја претепал својата поранешна жена.Безмилосно ја тепал со стап по целото тело од што, несреќната жена со силни повреди завршила во охридската болница. Насилникот заработил кривична пријава. Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста,поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид Охрид поднесе кривична пријава против Л.И.(64) од охридското село Шипокно.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека пријавениот, казненото дело го сторил на 19 овој месец во 17 часот во дворот од семејната куќа каде била неговата поранешна сопруга. Тој најнапред и упатил низа навредливи зборови и закани по нејзиниот живот со што предизвикал страв и несигурност а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со стап по целото тело.
Оштетената, вели портпаролот Димоски, набрзо била пренесена во Општа болница во Охрид, каде и била укажана неопходна лекарска помош.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани