12 Мај е Ден на медицинските сестри.
Токму во ова време во пандемија оваа фела ја заслужува сета наша почит.
Затоа овој ден го посветуваме на хероините од нашиот регион.
Медицинските сестри од неколку болници во Охрид, Струга и Вевчани, кои беа дел од кампањата „Здравствените работници се нашите херои со нив се гордееме“, изминатиот период.
Пренесуваме дел од пораките од нивните интервјуа!
.jpg)
Мирјана Спасовска – главна сестра на Интерното одделение во охридската болница.
„Сила имаме, јаки сме, храбри сме, издржавме долг период, не смееме да му се предадеме на уморот сега. Во овој период имаме помош од колегите од останатите одделенија кои ни признаваат дека го носиме најголемиот товар на оваа тешка пандемија, ни се восхитуваат, ни аплаудираат“.
.jpg)
Елена Лазареска – главна сестра во Специјалната болница за Нефрологија Струга
–„ Не растажува секој изгубен живот. Сочувствуваме и со пациентите и со нивните семејства. Верувајте ја делиме и тагата и болката“,раскажува Лазареска.
.jpg)
Тина Гоџоска- медицинска сетсра на Инфективното одделение.
„Тука сме за нашите. Се случува и тие да не охрабруваат да издржиме, взаемно си помагаме и се бодриме. Не имаат само нас. Тешки се овие денови и затоа сме посебно среќни што голем број си заминаа од тука здрави. Со насмевка ги испраќаме“.
.jpg)
Дијана Бебекоска – главна сестра во Здарвствен дом Вевчани.
–„После една година борба со вирусот се навикнавме не е лесно, страда приватниот живот, страда онаа социјализација на која бевме навикнати. Добивме еден рутински живот, работа-дома, стрес и страв’.
.jpg)
Симона Сулоска и Билјана Митреска од Интерно одделение Охрид
Медицинските сестри кои ја имаат најхуманата професија се хероините во Општата болница во Охрид во справувањето со корона-пандемијата.

Анета Волканоска – главна сестра во Охридската болница
„Знам кога ми започнува работното време, но не и кога ми завршува. Често остануваме по 12 часа а понекогаш и повеќе. И кога ќе заминете дома постојано сте преокупирани со комуникации и информации за нашите пациенти. Едноставно ниту јас ниту моите колеги кои сме дел од оваа нова ситуација, време за други работи немаме“.
.jpg)
Лилјана Мукоска – медицинска сетсра во Специјалната болница за нефрологија Струга.
„Треба сите да се вакцинираме. Само така може да се стави крај на оваа пандемија. Ние здравствените работници ја примивме вакцината. Препорака и останатите да го направат тоа што поскоро бидејќи вакцината е клучот за победа и враќање на нормалниот живот“.
Меѓународниот ден на медицинска сестра го слави придонесот што го прават медицинските сестри во општествата ширум светот.
