Милошески: Културата треба да биде на пиедестал

Културата мора да биде на пиедестал, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошески.

 

„Уникатните вредности на Охрид ни даваат насока и обврска за културен резултат во секоја активност која ја цениме како промотор на градот, определување на неговите вредности и зачувување на ликот на градот.
За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде одржување што поголем број меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции“, рече Милошески. 

Тој ги наброи проектите со кои доколку ја добие довербата на граѓаните ќе се залага за културен развој на Охрид.

-„Охрид како развиена културна средина да биде театарска и филмска ризница од културни вредности преку:
Подрршка за фестивалот Охридско лето како еден од најрепрезентативни фестивали на кој настапуваат врвни светски имиња;
Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот;
Прличевите беседи и Поетска ноќ во Велестово да бидат поетски бисери за градот, одржување и поддршка за фолклорните фестивали Охрид фест, Канео фест, Охридски хорски фестивал, Француски филмски фестивал, Фестивалот на Египќани, реномираниот Балкански фестивал на народни песни и ора, и уште многи други.
За афирмација на културата и туризмот за убав град вниманието го насочуваме кон:
Обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда;
Означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната;
Поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото.
За убав град зацртаното како цел е реално и остварливо со што културниот живот ќе оди во вистински правец затоа што Охрид го заслужува тоа“, подвлече Милошески. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани