Милошески: Петка за традицијата, културата и културните вредности на Охрид

Да ја негуваме нашата култура, традиција, историја и религија.

Културата, традицијата, историјата и религијата се вредности коишто се наша гордост и треба да се негуваат, нагласи градоначалничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошески, на денешната прес конференција.
– Во време кога светот е потресен од уништувањето на катедралата Нотр Дам во Париз како дел од светското културно наследство изразувам искрено жалење затоа што културата е идентитетот и алка на духовниот континуитет. Градот Охрид е мозаик од културни вредности, а нашата грижа мора да биде насочена токму кон нив, кажа на пресот Милошески Тој, за убав Охрид,особено ги нагласи организациите за зачувување и подршка на наследните вредности е:
– Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот;
– Организација на христијанските празници Богојавление-Водици;
– Помагање на традиционалното прославување на верскиот празник Св. Василиј – Василица, низ сите Урбани заедници низ Општината;
– Организација на Божиќна литија;
– Организација на настан „Сите кон Св. Климент“ и Свечена градска академија,
– Организација на Ифтарска вечера за припадниците од муслиманската вероисповед;
– Поддршка на фестивалот на Египќани.
Сите тие наследни вредности, рече Милошески, се вградени во проектите како поставување рекламни билборди со фотографии од стар Охрид, типизирани тезги, обележувањето на културни историски и археолошки локалитети со легенда, означување на локациите во стар град каде се напишани староградски песни со кратка легенда и текст, ќе бидат траен белег за Охрид.
Кандидатот за градоначалник Милошески, потенцира дека Охрид е развиена културна средина и театарска и филмска ризница од културни вредности.Нашата култура како дел од македонскиот идентитет не издвојува, но и не соединува. Таа е најсилна промоција на туризмот, а Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата, изјави Милошески. Митре Милошески обраќајќи им се на охриѓани рече: 5 е бројот за победа во Охрид.5 за културата и културните вредности.5 за убав град, за убав Охрид.Охрид повикува.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани