Милошески: Претприемачки инкубатор за нови бизниси за младите

 

Милошески смета дека Охрид има можности за вработувања во туризмот.

Туризмот и угостителството имаат голем потенцијал за понатамошен напредок и развој во сите нивни сегменти и заради тоа дефинирањето на насоките, целите и задачите е од основна важност за развој на нашиот град. Отворањето можности за нови вработувања во туризмот и угостителството ќе бидат примарна цел со помош на формирање претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица како и изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, посебно нагласи Митре Милошески-кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ.
– Подготвена е сеопфатна стратегија со која јасно и прецизно се дава одговор на три значајни прашања:
1. Каков треба да биде туризмот? (брендирање, целогодишен-продолжување на сезоната, развиен на цела територија, разновиден, иновативен и прилагодлив спрема преференциите на туристите);
2. Кои се клучните предуслови за развој на туризмот? (долгорочна заштита на просторот и одржливо управување со екосистемот, конкурентност и атрактивност за инвестиции, активирање на државниот имот со цел туристички развој, зголемување на знаењата и вештините на сите нивоа, дестинациско управување); и
3. Со што туризмот ќе ја привлекува побарувачката? (гостољубивост, квалитет, автентичност, разновидност на содржини и доживувања, сигурност-безбедност), изјави Милошески.
Ние, потенцира Милошески, не сакаме Охрид да тапка во место, ние сакаме Охрид секој ден да се движи кон нови пазари, да вработува нови луѓе, да ја збогатува туристичката понуда, да станува сè поконкурентна туристичка дестинација која создава нови мотиви за доаѓање на странски и домашни туристи, не само во летните месеци, туку и во текот на целата година.
– За таа цел, цврсто сме решени со сеопфатната долгогодишна стратегија, изготвена од врвни експерти од Факултетот за туризам и угостителство кои имаат капацитет детално тоа да го обработаат и Охрид да биде конкурентен во 21 век. Сите проекти коишто се презентирани во Програмата За убав град ќе бидат ставени во функција на унапредувањето и подобрувањето на туризмот и угостителството, кажа градоначалничкиот кандидат Милошески.
– Заеднички да го одбереме концептот За убав град.Охрид е убав град, може и убаво да се живее во него.За нас и за нашите деца.За убав град. Охрид повикува, кажа Милошески.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани