Милошески: Реконструкција на улиците и нова пожарникарска опрема

Митрески најави пловен објект за итни случаи.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошески смета дека патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот а изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај.Тој најави реконструкција и асфалтирање на следниве улици во Охрид и околните населби:
– Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители; Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада.
Поплочување и одржување на тротоари и улици:
– Асфалтирање на улиците Александар Турунџе, Партизанска, Прилепска, Будва, Анастасија Узунова, Дејан Војвода, Стив Наумов, Дебарца, населба Бејбунар, Даме Груев, Ванчо Питошески, Охридска Бригада, Кирил и Методиј од Горна порта до Дрвара;
– Во Љубаништа уредување на пешачка патека од селото до автокампот, уредување на улици во село Љубаништа и Трпејца;
– Во Пештани улица Климент Охридски;
– Асфалтирање и уредување на улици во Долно Коњско, Рача, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Вапила.Набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие.
-Охрид мора да биде безбедно место за живеење преку изградбата на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари.Од проектите за безбеден и убав Охрид, ги издвојувам:
Изградба на хидрантска мрежа, набавка на нова опрема за противпожарна станица, курсеви за пожарникари на меѓународни семинари, набавка на нови возила, набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје, истакна градоначалничкиот кандидат Милошески и порача: Број 5 за безбеден сообраќај, број 5 за безбеден град за живеење, број 5 за убав град, Охрид повикува.

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани