Милошески ветува нов плоштад „Студенчишта“

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошески ветува нов плоштад „Студенчишта“.

 

 

-„Охрид мора да е убав, да функционира. Охрид не смее да биде заборавен, ниту запоставен.Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет. Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот.
Изградба на нов плоштад Студенчишта
Пешачко-рекреативните патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори наметнаа потреба да се изгради нов модерно хортикултурно-уреден парк на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ и ресторанот „Котва.
На самиот плоштад, ќе има и парк за миленици кој ќе биде ново препознатливо место во градот, а додека сме тука да потенцирам дека состојбата со бездомни животни веднаш ќе биде решена“, рече Милошески. 

Милошески ги наброи проектите за убав град.

 –Изградба на Кеј како модерно шеталиште за охриѓани и туристите, Реконструкција на плоштадот Крушевска република со кој се добива нов и модерен лик, Уредување на парковите на влезовите на Охрид, Доуредување на плоштад во Љубаништа.
Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки. Преку добрите решенија директно даваме придонес за почиста и поздрава животна средина.
Со напорна работа и максимална посветеност да придонесеме за подобра Локална самоуправа. Градот мора да се развива и да има успеси. За подобри улици, патишта, канализациони мрежи, учлишта, градинки, спортски сали, паркови, локални индустриски зони, и многу многу други проекти.
Нашата работа ќе биде таа која носи поубав и подобар град, подобар живот и подобра иднина.Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за убав Охрид.
5 за убав град!“, повика Милошески.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани