Министерот за одбрана на Словенија во посета на Охрид.
Почестен сум што заедно со Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, доцна попладневно во Охрид бевме домаќини на Министерот за одбрана на Република Словенија, Матеј Тонин, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Преку уникатните убавини на црквата „Света Богородица Перивлепта”, Античкиот театар катедралната црква „Света Софија” и вредната поставка на Галеријата на икони, високиот дипломатски гостин се запозна со нашето непроценливо културно наследство. Драго ми е што Охрид со сите свои убавини секогаш ќе биде нашиот најпрепознатлив бренд, кој гордо го презентираме пред светот и место кое остава неповторливи впечатоци кај гостите, вели градоначалникот Константин Георгиевски.
