Кај 21 годишен охриѓанец била пронајдена ќеса со марихуана.
Синоќа во 21.10 часот при преглед извршен на улицата .„Партизанска“ во Охрид, врз К.Р.(21) од Охрид, пронајдена е и одземена ќеса со опојна дрога марихуана. Тој, заедно со К.М.(21) и В.Т.(20), двајцата од Охрид, кои биле со него, се приведени во полициска станица. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
