19 годишникот нападнал врсник.
Денеска во 01 часот и 40 минути, во близина на угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.Џ.(19) врз В.К.(19), двајцата од Охрид. Во видно алкохолизирана состојба, Е.Џ. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.