Моторциклистот е во тешка здравствена состојба.
Попладнево, на улицата „7 ноември“ во Охрид се случи тешка сообраќајка во која моторциклист е тешко повреден. Според информациите, моторциклистот е во животозагрозувачка состојба.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски,потврди дека на 7 ноември има тешка сообраќајна незгода, кажа дека тука е извршен увид по што ќе бидат познати причините за сообраќајната незгода.


