Може ли Охрид да го води жена градоначалник? Женското лоби со поддршка на Ангелоска!

Охридското женско лоби со поддршка на Живка Ангелоска.

Откако Охриднет јавно обзнани дека меѓу посериозните имиња на кандидати за градоначалник е и претседателката на Советот Ангелоска, жените од Охрид со силна поддршка на социјалните мрежи бараат „прва дама на градот“ – жена градоначалник.

Жени претседателки на Совети на обука од NDI

-„Даваме безрезервна поддршка за Живка Ангелсока, сметајќи дека е време за промени. Време е за прва жена градоначалник! Да докажеме дека и ние од „понежниот пол“ знаеме и умееме рамноправно со мажите да се соочуваме со предизвиците! , велат за Охриднет од Охридското женско лоби.


Без нималку сомнеж Ангелоска е докажан менаџер. Таа во минатото беше директор на ЈП „Градски пазар“ и остана запаметена како една од ретките, која што претрпијатието го остави со позитивно салдо.
Воедно е долгогодишен, активен член на СДСМ. Важи за непосредна, амбициозна, одмерена, принципиелна и позитивна жена, која знае и умее да се справи со бројните предизвици и одлично се снаоѓа како прв човек на Советот на општина Охрид.

Најголемиот дел од фотографиите на нејзиниот фејсбук профил се со жени активисти  од Форумот на жени

Функцијата градоначалник не е предодредена само за мажи, има безброј успешни примери, т.е. општини менаџирани од страна на жени во светот! Колку е лесно, тешко или возможно да се „бие битката“ за фунција денес во политиката каде по дифолт тие фукционерски фотелји се „резервирани“ за „посилниот пол“ односно мажите останува да видиме, собено со тоа што Ангелоска е ненаметлива и одмерена по карактер.


-„Ангелоска е најкомпетентната личност, која може да го наследи прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски. Таа беше неговиот најблизок соработник, а воедно беа и семејни пријатели со децении. Заедно беа уште во предизборна кампања, таа ги знае сите негови планови, целокупната програма и само таа ќе умее успешно да продолжи и да ги оствари. Живка ќе биде на ниво на задачата! “, велат уверено од Охридското женско лоби.

На минатите избори Битола , Арачиново и Македонска Каменица избраа жени градоначалници, кои веќе управуваат со општините. Добивајќи ја поддршката од жените од градот и Ангелоска има шанси. Со нејзиното евентуално доаѓање на чело на општина Охрид се очекува да се подобри сликата на крајно лошата застапеност на жените- функционери.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани