Му зел 4000 долари ветувајќи му виза за САД

Жител на Мешеишта му ветувал на охриѓанец виза за Америка, за што му напплатил 4000 долари.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Б.(53) од селото Мешеишта-општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“. Тој, во текот на оваа и мината година,  на лице од Охрид му ветувал дека може да му обезбеди виза за САД и доведувајќи го во заблуда,  во два наврати побарал и добил сума од 2000 американски долари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles