Мувлосаа и позеленеа мозаиците во катедралната Света Софија.
Заради несоодветно чување и презентација, влага и недоволна циркулација на воздух, мозаиците кои го краселе оригиналниот под на црквата во 11 век, денес се потемнети и валкани. Вредните артефакти се чуваат во две сонди под стакла во наосот на црквата.
Промената на бојата ја пријавија граѓани, а увид на лице место извршија конзераваторите на Завод и музеј Охрид.

–„Тука во две сонди во наосот од црквата е ппрезентиран дел од оргииналниот под кој бил декорација на катедралната црква и презентиран е во едни неадекватни според мене услови на кои треба да се интервенира сега и да се создадат практични услови кои би овозможиле малку поголема циркулација на воздух со цел да се одвлажнува тој дел и да не може да се развиваат вакви микроорганизми“ , вели Никола Упевче конзерватор од Завод и музеј Охрид.
Стручните конзерватори ќетреба да извршат детално чистење, а потоа соодветна презентација на вековните бесценети мозаици.

–„Ние би можеле сега да го исчистиме и да направиме еден проект заедно во соработка со архитектите бидејки ова е една градба каде што треба да се интервенира со цел да се добие поголема циркулација на воздух, подобро осветлување за да се претставителни, подобро зачувани и презентирани“, додава Упевче.
Црквата Света Софија со нејзината средновековна архитектура и фрески, кои се сметаат за вистински ремек дела во светот е една од најзначајните знаменитости во земјава . Потребна е поголема грижа, како и континуиран мониторинг и одржување на сите заштитени културно историски споменици низ Охрид. велат експертите.
Новинар Соња Рилковска
