Полицијата со официјално соопштение за вчерашната сообраќајка на „Абас Емин“.
На 23.09.2018 година во 18,30 часот било пријавено дека во Охрид, на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ моторцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, а потоа и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од Ф.Б. (58) од Охрид. Во незгодата на самото место починал моторциклистот С.И., а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С. кој бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, стои во билтенот на МВР.