ВМРО ДПМНЕ: Власта злоупотребува закони и институции

СДСМ е во паника! Гледаат дека народот не ја поддржува нивната антидржавна политика и тргувањето со националните интереси па ангажираат се што им стои на располагање за да ги заплашат граѓаните. Злоупотребуваат и институции и ресурси и закони, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

-„Вчера на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, пајташите на Владата на СДСМ и Зоран Заев што би рекле граѓаните беа пуштени на најјако. Алармот за страв во СДСМ од многу бројните граѓани кои го искажуваат своето демократско право на мирен протест се вклучи во СДСМ и на улица ги извади партиските пајташи на Заев да ги следат граѓаните кои протестираат.
Замислете во 21 век, СДСМ сака Република Македонија да ја врати 50 години назад. СДСМ сака со своите методи да не врати времето на едноумието на кое што истите тие се следбеници.
Истиот ден кога Оливер Спасовски како прв човек на полицијата најавува дека ќе бидат апсени сите што ќе работат против СДСМ на референдумот, СДСМ ги пушта партиските пајташи да ги следат, снимаат и документираат сите граѓани кои се излезени на протест во Охрид, за потоа да можат да вршат разно разни притисоци.
Почитувани,
Овие лица што се сликани како ги фото и видео документираат граѓаните кои протестираат и може да се забележи дека се во директна комуникација и координација со командирот на полициската станица, Саше Дончески.
Почитувани,
Дали овие лица кои вчера го сликаа и снимаа протестниот марш на ВМРО ДПМНЕ се извесни Благојче Радески и Наум Баулоски, лица кои претходно работеле во агенција за обезбедување, а сега се ангажирани како резерва во Министерството за внатрешни работи? Која била вчера нивната задача? Дали тие се пратени на задача лично од Заев и Спасовски и по која основа се ангажирани истите лица? Кој член од законот или уставот забрануваат, протестно собирање на опозицијата и граѓаните?

Дали третото лице кое исто така снима и видео документира е сестра на шефот на кабинет на градоначалникот Јован Стојаноски.
Дали овие три лица се пратени директно од Заев и Оливер Спасовски да ги документираат граѓаните кои излегле да протестираат против власта за подоцна да можат да им вршат притисоци?
Со ова, СДСМ само си го покажа лицето. Ниту се за демократија, ниту се за европски вредности.
На СДСМ не им е важно што мислат граѓаните, единствено им е важно да ги исплатат фактурите кои ги должат.
Со ваквото Северно-Корејско однесување, Македонија нема да стане европска. Со ваквото однесување на Заев и Спасовски Македонија се повеќе се оддалечува од европските стандарди.
Господа од СДСМ,
Со ваквото Северно-Корејско однесување нема никого да заплашите само ќе го мотивирате народот уште погласно да ви каже збогум и да ве прати во политичката историја онаму каде што ви е местотот и тоа што побрзо. На крајот Македонија и граѓаните ќе победат“, стои во писменото соопштение од ОК наа ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани