МВР викендов ќе издава лични карти

Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела(14 и 15.10.2017). Сите барања за издавање лична карта(оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани