На 1 јули се отвора охридскиот градски базен

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид започнува со работа на 1 јули.

Во својот допис, Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека почнувајќи од 01. 07 2018 ( недела ) официјално, за летната сезона 2018, ќе биде пуштен во употреба градскиот базен „Атина Бојаџи“. Работното време е од 9 до 20 часот и тоа од 9 до 14 часот базенот ќе биде на располагање на пливачките школи додека од 14 до 20 часот ќе биде на располагање за сите граѓани,рекреативци и љубители на пливањето и водните спортови.

-Оваа година покрај вообичаените активности градскиот базен ќе може да се користи и за организирање на роденденски забави и промотивни активности, истакнуваат од Јавното претпријатие.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани