Премиерата филмот Дедо и Внук ќе биде на 6-ти декември, со почеток во 19ч. во Центар за Култура – Охрид „Григор Прличев“.
Кратка содржина :
– После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато.
Филмот Дедо и внук е во режија на охриѓанецот режисер и сценарист Илија Пиперкоски. „Дедо и внук“ заедно со „Мирно лето“ на Димитрие Османли, се единствените два долгометражни играни филма во македонската кинематографија целосно снимени во Охрид.
Филмот почна да се снима во април 2017 година. Во главните улоги настапуваат Салаетин Билал и Дејан Лилиќ.
