На Градиште најавени журки со диџеи и балкански ѕвезди, летото може да започне

На 24 јуни ќе биде отворена комплетно реновираната плажа Градиште, со што може да се каже дека започнува летната сезона во Охрид.

Како што пишува vesti24.mk, плажите Градиште 1,2 и 3 во Охрид, ова лето ќе ги задоволат вкусовите и апетитите и на најпребирливите. Од маратонска журка со неколку познати диџеи, концерти на познати балкански ѕвезди, па се до пена парти и изненадувања за сите посетители. За 22-ри јули е најавен традиционалниот, годинава десетти, „Love and happiness“ фестивал, во чии рамки на сите три плажи ќе има забави со неколку светски и домашни диџеј имиња, кои ќе ги дознаеме наскоро. На 29-ти јули ќе се одржи спектакуларен концерт на Лепа Брена. Поради ограничениот капацитет на просторот, ограничен е и бројот на карти, кои во претпродажба ќе чинат 600 денари.За 5-ти август е најавено гостување на женскиот акустичен бенд од Нови Сад, популарните Фрајле, кои ќе настапат на „двојката“. Картите за овој концерт ќе се продаваат по 500 денари.Ова и уште многу други случувања ветуваат дека Охрид ќе биде центарот на забавата ова лето.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани