Учесниците на летниот Меѓународен Академски курс ќе го посетат Охрид

25 учесници на летниот Меѓународен Академски курс од цела Европа, летово ќе го посетат Охрид и ќе ги разгледаат културно историските споменици и природните убавини на крајбрежието.

Нивната посета е во рамките на 15 Меѓународен Летен Академски курс што од 28 ми јуни до 8ми јули ќе се одржи во Скопје во организација на БЕСТ и Teхнолошкo-металуршки факултет. Учесници од цела Европа, ќе слушаат предавања на теми посветени на “полимери и керамика“ од искусни професори од Teхнолошкo-металуршкиот факултет – Скопје и предавачи од врвни компании кои имаат поврзаност со темата, меѓу кои ce компаниите Микросам и Титан. На крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС. Едукативниот и културен карактер не е единствената цел на овој настан, има и културно значење поради разновидните традициите кои ги носат самите учесници од различни земји.Овој настан им овозможува на студентите да се запознаат и дружат со луѓе од цела Европа, нудејќи им шанса да го прошират и подобрат својот светоглед.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани