По повод 7 Мај – Денот на полицијата, од денес на градското пристаниште во Охрид започнуваат подготовките за показната вежба која ќе се реализира на 5 Мај.
Се информираат граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко- тактички средства и опрема и ќе се гледаат и слушаат симулациите на решавањето на различни ситуацииод страна на полицијата, информираат од СВР Охрид.
