На патот Кичево-Охрид, прегазен редок вид балкански рис

Прегазена единка од реткиот балкански рис на патот Кичево-Охрид.

Информацијата за повреденото животно ја добиле од ловното друштво „Питон“. За жал, поради повредите, рисот угинал на пат кон ветеринарната клиника во Скопје.На магистралниот пат Кичево-Охрид пред некој ден бил пронајден прегазен рис, кај месноста Славеј Планина, соопштуваат од Македонското еколошко друштво.Информацијата за повреденото животно ја добиле од ловното друштво „Питон“. За жал, поради повредите, рисот угинал на пат кон ветеринарната клиника во Скопје.Македонското еколошко друштво веќе 12 години работи на зачувување на балканскиот рис, кој е загрозен вид според критериумите на Светската унија за заштита на природата.
Во Македонија има најмногу 50 возрасни единки од балканскиот рис, па поради тоа на видот му се заканува ризик од изумирање.

Извор:sloboden pecat.com

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани