На полноќ завршува рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници.
Политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември.
Изборната кампања започнува на 25 септември 2017 година во 00:00 часот. Изборната кампања во првиот круг завршува на 13 октомври 2017 година во 24 часот. Изборната кампања во вториот круг завршува на 27 октомври 2017 година во 24 часот. Граѓаните имаат уште пет дена , до 9 септември, да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избрачкиот список. Јавниот увид во избирачкиот список исто така трае до 9 септември 2017 година до 24 часот.