Општините дарежливи, трошат повеќе отколку што имаат.
Скапи автомобили, општински прослави, контроверзни тендери, во услови кога општините до гуша се заглавени во долгови и чекаат милост од Владата да им се простат. „Инбокс 7“ истражуваше кои се најголемите 10 тендери на кои општините ги трошеле парите во изминативе пет години.
Охрид најмногу потрошил на патна инфраструктура, Дебарца на фекална канаализација, додека Струга за набавка на автомобили.
Охрид: Тендери за патна мрежа
Општина Охрид во изминативе 5 години потрошила околу 2 милиони и 200 илјади евра или по жител по 40 евра. Главно тендерите се однесуваат за изградба на улици, патеки, нивно асфалтирање, одржување и реконструкција на патната мрежа.
Дебарца: Фекална канализација
Потрошени се околу 1.400.000 евра, што со оглед на населението значи по 250 евра по жител. Главно се однесува на изградба на фекална канализација, спортска сала, улици, санација на дом во с.Лешани, асфалтирање улици, набавка на возило за собирање комунален отпад отпад како и набавка на комунални возила.
Боговиње не кажува на што ги трошат парите
Потрошени се повеќе од 1.300.000 евра, или 46 евра по лице. Од оваа општина не доставиле податоци за што конкретно ги потрошиле парите.
Струга: Набавка на автомобили
Струга се поднови со “аудито” вредно 67 илјади евра. Мерко набави и уште три автомобили што заедно со “аудито” ја чини општината 114 илјади евра и тоа во услови кога струшкиот буџет имаше долг од околу 7 и пол милиони евра.
Битола: Се трошело на масло за затоплување и реконструкции
Општината изминативе 5 години за 10-те најголеми тендери потрошила 9 милиони евра или 95 евра по жител. Главно се плаќало за масло за затоплување, изградба на коловози, адаптација на спорската сала Младост, изградба на северна трибина на фудбалски стадион, градежно занаетчиски работи за изградба на кино Манаки.