На занаетчиите кои немаат лиценци им се закануваат високи казни

Поголемиот дел од охридските занаетчии немаат лиценца за вршење на занаетчиска дејност.

На сите нив им се закануваат оргомни парични казни и бришење од Регистарот на занаетчии.

Рокот  за усогласување со новиот закон заврши на 1-ви ноември 2019  година,  а до денес само 90 занаетчии и 12 вршители на занаетиска дејност од вкупно 250 регистрирани во охридската Занаетчиска комора се пререгистрираа и добија лиценци за работа.

– „Тие сега се под голем ризик. До  Ноември пазарната инспекција можеше да ги опомени  но денес веќе може да ги казни. Казната за неусогласувањето е 2 500 евра. Минситерството за економија пред Нова години прати емаил и побара да ги избришеме сите занаетчии од регистарот. Тоа значи дека сите тие ќе треба да регистрираат фирми на ново. Калкулиравме и празници и нова година и цел месец чекаме до крај на месецот средба со министерство за економија од секотор за занаетчиство да видме што во наредниот период ќе преземеме. Ние не бараме дозволи законот бара ние само ги издаваме“, вели Сашо Богоески претседател на Занаетчиската комора во Охрид во емисијата „Прашалник“ на ТВМ телевизија. 

Занаетчиската комора има голем број на барања до владата и  локалната самоуправа за дополнителни олеснувања на занаетчиите.  Се бара намалување на фирмарината, субвенции на придонесите и други олеснувања кои ќе ги мотивираат младите да се насочат кон занаетите.

 „Барам ослободување од плаќање придонеси и персонален даок три години за сите занаетчии со напомена само по еден во фирмата да биде ослободен. 40% од занаетчиите работаат со блокирани сметки поради неплатени рпидонеси и данок најголеме терет се давачките кон државата. Занаетчиите се во катастрофална состојба.  После 15 години работен стаж  како занаетчија занаетчијата да биде ослободен 50% од плаќање придонеси оние кои имаат континуиран стаж. И третата мерка барам целосно ослободување за придонеси и персонален данок со триесет години работен стаж. Оној занаетчија кој континуирано работел како занаетчија да бидат ослободени“ , додава Богоески.

Законот е дециден нема вршење на занаетчиска дејност без поседување на дозола.Со таа дозвола им се овозможува на занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност  достапност до јавните тендери, но и сите други повластувања пониски даноци, сметководствени и  комунални давачки.

Новинар Соња Рилковска

Целата емисија

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани