Националниот парк Галичица преплавен со дивоградби.
Според надлежните од паркот во заштитеното подрачје има околу 1000 дивогради, што претставуваат најголемата закана за природните вредности на паркот.
Сопствениците кои бесправно ги изградиле на сопствено или земјиште во сопственост на Р Македонија наместо да ги срушат поднеле барања за легализација.
Јавната установа има добиено околу 450 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Ние веднаш сме побарале од ресорните министерства и државниот градежен инспекторат да излезат на терен и да ги отстранат нелегалните градби, поради кои оже да го изгубиме статусот на УНЕСКО.
„Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности на паркот е урбанизацијата отколку бесправната сеча.И во сите случаи кога имало бесправна градба и узурпација на државен имот ние нашиот чекор сме го направиле,сме поднесле до правобранителот да превземе мерки, до градежна инспекција да го сруши бесправно изградениот објект.По ни една не е постапено,по ни една. Еден од најголемите проблеми на националениот парк Галичица но и на Охрид како град на листата на Унеско како светско природно и културно наследство е урбанизацијата. Значи ако заради нешто не стават на листата на светско наследство загрозено ќе биде урбанизацијата.И мораме да собереме доволно сила да се справиме со бесправната градба и узурпацијата на земјиште сопственост на Р.М“, вели Бојаџи.
До сега не е срушена ниту една дивоградба во паркот се жали Бојаџи, кој тврди дека на Галичица не и е потребна никаква урбанизација и согласно препораките на УНЕСКО не треба да се гарди ниту ски центар, ниту големи инфраструктурни проекти.
