Над 15 000 верници на десеттата Ѓурѓовденска литија во Струга

Со божествена  Ѓурѓовденската  литија  на единство, мир и љубов  Струга  се  поклони на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи.

Над 15 000 верници од сите краишта на земјава и гости од странство  сплотени и оваа година  ја продолжија  древната   традиција. Во свечена  поворка со чудотворната икона и моштите  на светителот  од  Рајчица  го осветија   градот на мостовите. 

На чело на самата Литија е  монах кој  го бие клепалото,  носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир,  чудотворната икона на Св. Георгиј Победоносец, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија,  и најпосле, најголемата светиња – моштите на Светиот во раскошно украсениот епитаф, кој ги чуваше семенската гарда  во традиционална мијачка облека.

Годинава литијата беше збогатена со чудотворната икона Крининска, од манастирот „Пречиста Кичевска“.

Илјадници верници на заштитникот на градот, почит му оддаваа  стоејќи на обете страни на улицата и поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе.

 „ Радоста е голема особено на стружани кои што се наши гостопримливи домаќини но не помалку весели се и оние кои што доаѓаат од сите градовви на нашата земја за да се поклонат на Свети Ѓорѓи но и од другите соседни земји. Струшката литија има еден многу интересен каратктер, а тоа дека ги обединува различните народи и култруни но има и хумнаитерн каратктер така што граѓаните кои доаѓаат според традиција собираат средства за да ги помогнат сиромашните и болните“ ,вели сестра Ефимија од манастирот Свети Горги Рајчица..

Глетката величествена. Илјадници верници, река од народ сплотени и единствени во молитвата. Покрај биењето на камбаните,  пеењето на свештениците беше пропратено со хор и орекестар. Стружани од најмалдо до најстаро, велат овие денови за нив се посебени,  ја чуствуваат милоста на заштитникот на градот.

 -„На овој ден стружани се почестени со илјандици граѓани кои што доаѓаат да се поклонат на моштите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи. Моштите за прв пат  ги добиваме пред десет години благодарени на Рајчичката и Бигорската монашка обител. За многаја лета христијански народе од година на година повесели, посреќни и уште многу побројни“, вели Сара Наумоска млада верничка од Струга.

„Свети Ѓорѓи Победоносец е голем светец  на денешниот ден во нашите срца внесува веселие, радост , спасение од Христа БогаМногу убаво колку многу народ има во дворот во црквата и на самата литургија“, вели Славче Тодороски верник од Струга.

,Јас струшката литија ја доживувавм како голема благодат пред се на овој град и верувам дека како што чука моето срце со псоебна радост денес чукаат срцата на сите луѓе околу нас, бидејќи денес со присуството на Светиот Великомаченик Ѓеорѓи владее љубовта а љубовта е симбол на нашата христијанска вера“, вели  Мими Стојаноска верник од Охрид.  

Во празнувањето на празникот на стружани им се придружуваат и голем број охриѓани и охридскиот градоначалник беше дел од литијата.

„Вакви манифестации се позитивни за македонскиот народ за сите православни верници го јакнат духот ја зголемуваат вербата во Бога. , вели Константин Ѓеорѓиески. Честа е нависитна голема се чувствувам возбуден“, рече Ѓеорѓиески.

 Меѓу бројните верници имаше и љубопитни туристи од странство.

 „Слушнав за овој настан додека бев покрај реката. Ја следев музиката и пеењето и стигнав во црквата.  Музиката е фантастична, премногу луѓе многу ми се допаѓа овој настан“, вели туристи од Кореја.

 Литијата е одлика на долгата струшка православна традициј. Вакви литии има во  Русија,  Грција и  Романија , а  Струга   е единствена во Македонија. Овој величествен духовен настан  во градот на мостовите се негувал  пет векови, а е  возобновен последниве десет  години. Големата црковно народна манифестација  годинава беше најмасовна.

Новинар Соња Рилквска

            

 Ð¤Ð¾Ñ‚ографија на KUD "ILINDEN" - Struga.

Фотографија на KUD "ILINDEN" - Struga.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани