Наместо депонија во Годивје се гради црква

Во Дебрца, во атарот на селото Годивје, каде што државата предвидува депонија,  се гради црква.

Црквата посветена на  Свети  Вартоломеј се гради на  црковно земјиште.

Според црковниот одбор иницијативата на жителите била уште пред да биде таа локација избрана  за депонија. 

„ Црквата е на 4000 метри квадратни место и е на црковно место. 50.000 метри кавдратни е приватно земјиште. Нема државно земјиште и не верувам дека ќе дозволат жителите да се гради депонија, велат од Црковниот одбор.

Жителите на Дебрца речиси две години се противат на изградбата на депонија во Дебрца. Уште во минатата локална власт се одржа референдум на кои јасно се изјаснија дека се против ваквиот план на Владата. 

И охридските еколози се противат на изградбата на регионална депонија во Дебрца. Тие напоменуваат дека депонијата во овој еколошки чист предел би била сериозен еколошки удар на сливното подрачје на Охридското езеро. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани