39 годишник од Горенци, изолацијата ја поминувал во кафана.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.С.(39) од охридското село Горенци. При контрола извршена на 13.03.2021 година, тој е затекнат во угостителски објект во Охрид, со што, постапил спротивно на решението за домашна изолација издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
