Направиле фалс документи и се „подновиле“ со мобилни телефони

Со „невидена досетливост“ двајца жители на струшко Подгорци, во пресрет на Новата година се „подновиле“ со мобилни на рати.

Двајцата направиле едно чудо фалс документи,првиот бил шумски полицаец а другиот работел во основно училиште.Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид,поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.И.(30) вработен во Шумската полиција во Струга и Р.А. (37) , вработен во основно училиште во селото Лабуништа, двајцата од струшкото село Подгорци.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вели дека пријавените, казнените дела ги сториле на 26-ти април годинава по претходен меѓусебен договор со цел набавување на мобилни телефони на рати од продавница за бела техника во Струга.

-Пријавениот Д.И. со цел да докаже дека е член на синдикатот, неовластено го употребил службениот печат на Шумската полициска станица, ставајќи го на потврда на негово име, а потоа го фалсификувал и потписот на претседателот. Пријавениот Р.А. казненото дело го извршил со фалсификување документ и неовластено изготвување на административна забрана на плата на негово име, употребувајќи го печатот и штембилот од Шумската полиција, со фалсификување на потписот на овластеното лице и на раководител на финансиска служба. Тој, иако вработен во основното училиште, по договор со Д.И. неовластено пополнал изјава во која навел дека е вработен во Шумската полиција на работно место референт и дека е член на синдикатот, изјави портпаролот Димоски.

Додава дека на Д.И. му била изготвена потврда со фалсификат потпис на претседателот и изготвено решение за извршување административна забрана на плата, употребувајќи го повторно печатот и штембилот на истата институција. Така фалсификуваните документи, двајцата пријавени ги употребиле во продавница за бела техника од каде, на рати набавиле мобилни телефони.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани