ФОТО: Велинград најдобрата спа дестинација оваа зима!

Велинград оваа зима е најдобра бањско – спа дестинација. Љубителите на минералните води, топлината, луксузот и вистинскиот одмор знаат да го одберат Велинград. 

Тоа е  град и седиште на општина вo јужна Бугарија. Градот се наоѓа во Пазарџичката област, каде е втор по големина град во областа, веднаш по Пазарџик. Велинград е сместен во Чепинската котлина (Западни Родопи), на 48 км од Пазарџик, на 80 км од Пловдив, и на 134 од Софија.

Бројните минерални извори го прават најповолен за бањски туризам. Во градот има преку 70 современи хотели со минерална вода и спа центри. 

Еден од нив е хотелот „Здравец“ во срцето на Велинград на самиот плоштад. Како еден од најстарите хотели осовремен и збогатен со многу содржини „Здравец“ нуди луксузно сместување, спа центри, внатрешен и надвореен базен , вкусна храна, а што е најважно евтини цени.

-„Нашиот хотел постои три децении тој е еден од најстарите хотели во цел Велиград. Веќе 12 години додека го менаџираме хотелот направивме повеќе реконструкциски зафати. Локацијата која ја имаме не прави еден од најдбрите хотели. Ги имаме и едни од најголемите абзени во целиот град.  , вели менацер на хотел „Здравец“. 

Велинград ја има најубавата минерална вода на Балканот. Полезна за здравјето на луѓето посебно за кардиоваскуларните заболувања, за нервите.  Гостите кои ги почуствувале бенефитите остануваат тна рехабилитација  по два месеци.

20% од туристите во Велинград се Македонци,но и гости од Русија, Србија, Израел  и други земји. Во склоп на хотелот „Здравец“ ќе се отвара и охридски традиционален ресторан. 

Хотелот „Здравец“ поради огромниот интерес гради медицински центар за третман. 

-„После Нова година објектот ќе биде готов. Капацитетот на хотелот ќе го зголемиме за 40%.Сега собираме од 160 до 170 луѓе, со новиот објект ќе имаме уште 40% повеќе“, појаснуваат д менџаерскиот тим.

Голем е интересот за Велинград. 

-„Велинград не е нова дестинација ја нудиме веќе подолг период, но во последно време се поголем е интересот. Бањскиот туризам и спа центрите се вистински релакс за душата и подобро здравје и долг живот. Токму од тие причини  ние се одлучивме да ја форсираме оваа дестинација бидејќи токму Велинград е најголемиот спа центар в Бугарија од една страна а од друга страна нуди идеални услови за одмор релаксација здравје и убавина“, вели Елида Битрак од агенцијата Елида Турс.

Една од главните атракции во Велинград е езерото Клептуза.

Охриднет и Елида Турс топло Ви го препорачуваат хотел Здарвец и Велинхрад за вашиот зимски одмор. 

ФОТОГРАФИИ:

 ФОТО Даниел Рилко

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани