Наставата во Вевчани денес започна со физичко присуство

Наставата во Вевчани денес започна со физичко присуство.

Градоначалникот Јанкоски ги поздрави првачињата во ООУ „Страшо Пинџур“.

-Денес први септември во ООУ “Страшо Пинџур” – Вевчани свечено го одбележавме почетокот на новата учебна 2021/2022 година.
Како што е и редот првачињата беа поздравени од Директорот Жарко Лешоски и нивните наставнички.
Традиционално Општина Вевчани во оваа пригода на првачињата им додели училишен прибор.
Освен општина Вевчани, нашите пријатели од печатницата “Софија” Богданци и “Халк Банка” – Скопје, донираа училишен прибор за прво и второ одделенците, за што во име на првачињата и во името на општина Вевчани им благодарам.
На на првачињата им посакувам многу, многу успех во нивното понатамошно школување, рече Јанкоски. 

Можно е да е слика од еден или повеќемина и балон

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани