Натепан и ограбен таксист во Охрид

Рано утрово, таксист бил натепан и ограбен-му украле 15.000 денари.

Утрово околу 04 часот и 15 минути, охридски таксист бил претепан од патници што ги превезувал. Тие го нападнале со тупаници и му ја повредиле аркадата и окото и му украле 15.000 денари.Според соопштението од Канцелатијата за односи со јавноста, во 04 часот и 25 минути, во СВР Охрид лицето Љ.Ј.(31) од Охрид, вработен во такси компанија, пријави физички напад и разбојништво извршено во 04.15 на булевар „Туристичка“ во Охрид.
-Тука, бил физички нападнат од три лица кои претходно со такси возилото ги земал од дискотеката „Парк“ и ги возел до булеварот „Туристичка“. При излегување од такси возилото, трите засега непознати лица физички го нападнале ударајќи го со тупаници, по што му одзеле 15. 000,оо денари.Од ударите пријавителот се здобил со повреди на левата аркада и оток околу левото око. Повредите се констаирани во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани