Науме Јваноски чакар, актуелниот петседател на ОО на СДСМ е носител на листата на СДСМ Охрид.
Зад него на 2 ро место е Живка Ангелоска, актуелен претседател на Советот на општина Охрид.
„На претстојните локални избори СДСМ и коалицијата излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на Охрид.
Сите кандидати за советници се докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за интересите на охриѓани.
Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Во изминатите години тоа го правевме најдобро што можевме и ќе продолжиме уште подобро и во наредниот период“, велат од СДСМ Охрид.

