Наумоски: Мојот брат и клиент трпи закани

Изјава на адвокатот Мишел Наумоски од Охрид:  Мојот клиент Антонио Наумоски, трпи закани од полициски службеници.

 

 Во полицискиот извештај од СВР Охрид стои:  на 27.04.2020 во 21.50 часот, на бул.„АСНОМ“ во Охрид, А.Н.(40) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз полициски службеник кој вршел службени дејства. Тој е приведен, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Адвокатот на приведениот Антонио Наумоски, Мишел Наумоски изнесува детали за целиот настан. Тој вели дека неговиот клиент подолго време трпи закани од одредени поединци од СВР Охрид, кои сакаат да му го нарушат угледот, за што е уредно е известен и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Антонио, поседува уредна дозвола и нема никаква причина зошто би влегол во конфликт со полициски службеници во време на полициски час.Настанот на 27.04 кога мојот властодавец се упатил кон работното место кое согласно закон го извршува и согласно овластувањата кои ги има добиено од закон и врз основа на неговото учество во кризниот штаб формиран во општата болница околу 21 часот се упатил кон работното место во општата болница. Него му го попречуваат движењето полициски службеници со полициско комбе, при што е легитиран, на што уредно доставил дозвола за движење во време на полициски час, вели адвокатот. 

При тоа тој бил задржан 25 мин без да му се каже зошто е задржан. Му било објаснето дека се проверува дозволата дали е легитимна. Се проверувала дозволата издадена од министерство за информатичко општество која важи за целата територија на земјава и која согласно законот таа претставува јавна исправа издадена од државен орган, вели Наумоски.

Адвокатот објаснува дека откако му била вратена доволата А.Н бил навредуван, претресен по што бил и лишен од слобода, поточно ставен бил во полициско комбе во кое бил држен 45 минути без да биде известен зошто е приведен. При тоа му биле одземени телефоните и не му било дозволено да се јави да повика адвокат.

-Полицијата го спровела и во СВР Охрид, каде без да биде примена пријава за кое кривично дело се работи и што направил, даено му е да потпиши записник дека е лишен од слобода. Морам да напоменам дека цело време одкако бил запрен додека бил спроведуван во СВР врз него е применета сила, удиран е по телото.Додека тој е носен во полициска станица неговиот автомобил е оставен отворен на ул АСНОМ со клучеви на неа и сите лични документи и лични предмети во неа, а при тоа и не знаеме дали и како е влијаено во автомобилот додека немало никој, вели Наумоски.

Адвокатот вели дека симптоматично е и тоа што на 14.04 до директорот на општа болница е доставено писмено барање, од полициската станица од Охрид, спротивно на закон, во кое се бара директорот да се изјасни дали мојот клиент кое е секретар на болницата, бил работно ангажиран. На ова вели Наумовски директорот уредно известил, како е ангажиран, какво е неговото право и врз основа на што се движи тој.

-Мојот властодавец загрижен за својата безбадност затоа што во континуитет добива закани по којзнае кој пат упати и претставка до министерот за внатрешни работи со предупредување дека ако не ги санкционира ваквите не знае што повеќе да очекува што се покажа дека и се случи.Ние спремаме неколку кривични пријави против поедини полициски службеници врз основа на документацијата, видео снимките и сведоците, но бидејќи не веруваме во тој систем само дел ќе ги презентираме пред МВР, а другите во текот на постапката ќе ги презентираме пред ОЈО Охрид заштитувајќи ги од влијанија сведоците кои ќе произлезат понатака по постапката, вели Наумоски.

Според адвкатот , неговиот брат а воедно и негов  клиент трпи класична репресија од поединци од СВР Охрид.

-Ова репресија врз него трае веќе неколку години и е презентирана врз разни форми, а насочени се кон рушење на бизнисот но и нарушување на неговиот углед. Го повикувам министерот Наќе Чулев веднаш да постапи по овие претставки кои беа најавени затоа што се сомневаме во истите, вели адвокатот Мишел Наумоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани